Дома Фудбал Наспроти обвинувањата за силување Томас Парти пронајде нов клуб

Наспроти обвинувањата за силување Томас Парти пронајде нов клуб

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Томас Парти, кој во Англија е обвинет за повеќе силувања и сексуален напад, потпиша договор со шпанскиот прволигаш Виљареал.

Играчот претходно беше пуштен на слобода со кауција од страна на британското правосудство.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Виљареал, кој минатата сезона ја заврши на петтото место во Ла Лига и обезбеди пласман во Лигата на шампионите, соопшти дека е постигнат договор со 32-годишниот репрезентативец на Гана, нагласувајќи дека „ја почитува основната претпоставка за невиност“.

„Играчот силно ги негира сите обвинувања и тврди дека е невин. Клубот ќе ја почека одлуката на судот, кој е единствениот надлежен да ги утврди фактите во врска со овој случај“, се наведува во соопштението на клубот од регионот Валенсија.

Томас Парти во октомври 2020 година премина од Атлетико Мадрид во Арсенал за повеќе од 51 милиони евра. Тој е обвинет за пет кривични дела силување над две жени, како и за едно кривично дело сексуален напад врз трета жртва. Според наводите на обвинителството, делата се извршени меѓу 2021 и 2022 година, додека играл за лондонскиот клуб.

Судскиот процес против Парти е закажан за 2 септември пред кривичниот суд Олд Бејли во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мемфис Депај и хотелска соба од 40.000 евра месечно

Бразилскиот Коринтијанс западнал во големи долгови поради лошо направениот договор со позн…