Дома Фудбал Тер Штеген повеќе не е капитен на Барселона

Тер Штеген повеќе не е капитен на Барселона

Марк Андре тер Штеген, германскиот голман кој на повеќе од 400 натпревари ја чуваше мрежата на Барселона, повеќе не е капитен на тимот поради тоа што довербата меѓу клубот и играчот е очигледно силно нарушена.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Се работи за тоа дека клубот не му верува на играчот и играчот не му верува на клубот. Треба да биде сосема спротивно, со оглед на тоа што се работи за искусен чувар на мрежата кој долго време е во Каталонија и со причина беше капитен.

Меѓутоа, проблемот започна кога Германецот замина на операција на грбот. Потоа, тој не сакаше да ја предаде медицинскaта документација на Ла Лига. Тој објави на социјалните мрежи дека ќе отсуствува три месеци, а доколку станува збор за одсуство од барем четири месеци тогаш Барселона би добила дозвола од Ла Лига за да регистрира уште еден играч поради правилото за должината на опоравување на повреден играч.

„По дисциплинските процеси кои беа отворени против Марк Андре тер Штеген, додека ова не се реши, клубот и спортскиот сектор и тренерскиот штаб одлучија привремено да го повлечат играчот од улогата капитен на првиот тим“, стои во соопштението на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул влезе во трката за најбараниот стопер во Премиер лигата

Кој и да има потреба од стопер, тој погледна кон Борнмут каде што игра Маркос Сенеси. Арге…