Дома Останати Кошарка Јокиќ го делат 39 „чекори“ до вечноста – дали следната сезона ќе биде историска?

Јокиќ го делат 39 „чекори“ до вечноста – дали следната сезона ќе биде историска?

Ѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, веројатно ќе стане водечки играч на сите времиња по бројот на трипл-дабл во историјата на НБА лигата во следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трикратниот МВП на НБА е подготвен да направи историски пресврт во историјата на најсилната лига на светот, а моментално е само 39 трипл-дабл партии зад Расел Вестбрук, кој е тековниот лидер со 203 трипл-дабла.

Јокиќ е трет на списокот на сите времиња со 164, зад Вестбрук и НБА легендата Оскар Робертсон, кој има 181 трипл-дабл.

Јокиќ е исто така подобро рангиран на списокот од некои од најголемите играчи на лигата на сите времиња, вклучувајќи ги Леброн Џејмс, Меџик Џонсон, Џејсон Кид и Вилт Чембрлен.

Да потсетиме, Јокиќ минатата сезона, вклучувајќи го регуларниот дел и плејофот, имаше вкупно 37 трипл-даблови.

Сето тоа оди во прилог на рушење на рекордот во сезоната 2025/26 и многу веројатно Јокиќ ќе успее да стане најдобар во оваа категорија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонец ќе го предводи нападот на ПАО од следната сезона

Панатинаикос го ангажира Елмин Расодер, македонски репрезентативец, кој минатата сезона бе…