Дома Фудбал Манчестер јунајтед оди по „машина“ вредна 90 милиони евра!?

Манчестер јунајтед оди по „машина“ вредна 90 милиони евра!?

Бенјамин Шешко веќе денес може да биде конечно постигната цел за Јунајтед, но тоа нема да биде крај на трансферниот период на „Театарот на соништата“.

Како што е откриено, Рубен Аморим побара од управата и Карлос Балебу од Брајтон.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Станува збор за феноменален централен среден играч, кој пред две години бил купен од Лил за 27.000.000 евра, според Трансфермаркт сега има пазарна вредност од 40.000.000, меѓутоа, проблем е што Брајтон бара и повеќе од двојно повеќе.

Одредени извори тврдат дека Брајтон бара помеѓу 90 и 100.000.000 евра за задниот среден играч, додека Јунајтед планираше да испрати максимална понуда од 70.000.000, во која се вклучени и бонуси.

Фабрицио Романо тврди дека преговорите нема да бидат ни малку лесни, затоа што Брајтон е познат како многу тврд преговарач, но на Јунајтед доста му “гори” на оваа позиција, бидејќи Мануел Угарте беше под удар на критиките, па дури и на Рубен Аморим за време на летните подготовки.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…