
Новиот „војна“ помеѓу Реал Мадрид и првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас почна точно навреме, девет дена пред почетокот на новата сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Реал и овој пат прв започна откако беа истрелани стрели од клупската телевизија, додека одговорот стигна преку социјалните мрежи.
Сѐ започна од одлуката на Ла Лига да не го прифати барањето на Реал за одложување на натпреварот од првото коло на шампионатот. Од Мадрид се обидоа да го одложат натпреварот поради учество на Светското клупско првенство, но Ла Лига не сакаше ни да ја разгледа таа опција.
Во Реал сметаат дека поради тоа немаат доволно време за подготовки, па се огласија преку нивниот ТВ канал, но пуштија и „стара плоча“ па напаѓаа и судиите и судиската организација.
„Натпреварувањето започнува изобличено, манипулирано и без никаков ниво. Здравиот разум е целосно игнориран. Никој не се грижи за здравјето на играчите или за тоа да се заштити фер натпреварување“, порачаа од Реал.
Додадоа и дека Хавиер Тебас, првиот човек на лигата, и Рафаел Лузан, првиот човек на Судиската организација, на тоа „вртат глава“.
Фотографија: Принтскрин