Дома Фудбал Вчера се испиша историја во европскиот фудбал: Одигран е натпреварот со најкратко гостување во историјата!

Вчера се испиша историја во европскиот фудбал: Одигран е натпреварот со најкратко гостување во историјата!

Малме беше домаќин на историски натпревар во Лига на шампиони. Таму шведскиот шампион ги пречека данските прваци Копенхаген во првиот дуел од третата квалификациска рунда во Лига на шампиони кој заврши со резултат 0:0. Ова е најкраткото меѓународно гостување во историјата на Лига на шампиони. Растојанието помеѓу стадионите во Шведска и Данска изнесува само 40 километри, што е отприлика еден час возење со автомобил.

Два града се одвоени со море, но ги поврзува импресивниот мост Ересундсброн, патен правец кој од тунел се издига во мост. Ересундсброн има 16 километри и директно води од Малме до Копенхаген. По него е именувана и популарната скандинавска детективска серија „Мост“. Осум километри од трасата се возат над површината на морето на мост, а потоа се стигнува до вештачкиот остров Пеберхолм. По него следува четири километри долг подводен тунел.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Малме во моментов е пласиран како четврта екипа во шведската лига. Го започна своето учество во квалификациите за Лига на шампиони од првото предквалификациско коло. Во него го елиминираше грузискиот Сабуртало, а потоа во второто квалификациско коло го совлада латвискиот РФС. Копенхаген ги започна квалификациите од второто коло, каде без поголеми проблеми го елиминираше косовскиот тим Дрита.

За една недела Копенхаген ќе биде домаќин на реваншот на најкраткото меѓународно гостување во историјата на ЛП. Најголемата дистанца што ја поминале учесниците на Лига на шампиони изнесува 6164 километри. Тоа беа португалската Бенфика и казахстанската Астана, кои беа поврзани преку жреб во групната фаза во 2015 година. Астана е поблиску до Токио отколку до Лисабон, а главниот град на Португалија е поблиску до Њујорк отколку до Астана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете што направи играчот на Ленс во 49. секунда за директен црвен картон

На последниот натпревар од шестото коло на француската фудбалска лига, Рен и Ленс ремизира…