Дома Фудбал Нунез е минато на „Енфилд“ – се сели таму каде што го сакаат и тренерот и навивачите

Нунез е минато на „Енфилд“ – се сели таму каде што го сакаат и тренерот и навивачите

Иако имаше можност да игра на подготвителните натпревари на Ливерпул, на сите им е јасно дека Дарвин Нунез скоро сигурно ќе го напушти овој клуб ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Всушност, откако пристигна на Енфилд, Нунез не се снајде најдобро, а поддршката од навивачите постепено исчезна.

Почнаа критики и навреди, што, се разбира, воопшто не му помогна на фудбалерот, туку го доведе до уште поголеми проблеми.

Нунез не само што не постигнуваше голови, туку успеваше да промашува невозможни ситуации и тоа не еднаш, туку повеќе пати.

Некои навивачи сметаа дека треба на Нунез да му се даде нова шанса, но тие беа во огромно малцинство.

Доаѓањето на Екитике само ја заостри ситуацијата околу заминувањето на Нунез, а се повеќе се зборува дека член на Ливерпул ќе стане и Александар Исак.

Јасно е дека за Нунез нема повеќе место во Ливерпул, а големите вести сега ги донесе Фабрицио Романо.

Според Романо, Ал Хилал договорил се со Ливерпул околу трансферот на Дарвин Нунез.

“Ал Хилал е блиску до склучување на договор за доаѓањето на Дарвин Нунез откако постигнаа усен договор со Ливерпул.

Сѐ е договорено помеѓу двата клуба и Ал Хилал сега се насочи кон преговорите со Дарвин околу личните услови.

Одлуката е на Нунез, но преговорите започнаа, Инзаги го сака”, тврди Фабрицио Романо.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…