Дома Фудбал Милан договори големо враќање во клубот

Милан договори големо враќање во клубот

Легендарниот потпретседател на Милан, Адриано Галиани, ќе се врати на раководна позиција во клубот осум години по завршувањето на неговиот претходен престој на „Џузепе Меаца“, јавува „Кориере дело спорт“.

Галиани, кој пред неколку дена наполни 81 година, веќе постигнал договор со клубскиот претседател Џери Кардинале. Неговото назначување ќе се случи во средината на септември, кога неговиот сегашен клуб Монца, каде што е извршен директор, ќе биде продаден на американски инвеститори.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Се очекува улогата на искусниот раководител да биде дефинирана како фудбалски директор. Се смета дека неговите должности ќе бидат претежно претставнички, вклучувајќи односи со Серија “А”, како и организација на проектот за нов „Сан Сиро“.

Како што е познато, Галиани беше десната рака на големиот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, од 1986 до 2017 година, период во кој миланскиот гигант освои дури 29 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската инфлуенсерка за првпат искрено зборуваше за Јамал: Ми се јави кога имаше 11 години

По долг период на шпекулации, шпанската инфлуенсерка Фати Васкез конечно одлучи отворено д…