Дома Фудбал Нова страшна трагедија ја погоди Португалија: Голман се удави додека пливал со својата девојка!

Нова страшна трагедија ја погоди Португалија: Голман се удави додека пливал со својата девојка!

Португалската фудбалска јавност сè уште е потресена од смртта на двајцата професионални фудбалери Диого Јота и неговиот брат Андре Силва, а сега се соочи со уште една голема трагедија.

Јеферсон Мерли (27), голман на ГД Калделас, се удави во реката Хомем во националниот парк Пенеда-Жереш за време на одмор. Тој пливаше таму заедно со својата девојка.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Младиот голман исчезна од видикот додека пливаше со девојката, а откако беа алармирани службите за итни случаи, неговото тело беше пронајдено по тричасовна потрага.

Клубот Калделас, кој се натпреварува во четвртата португалска лига (Дивизија Брага), пред помалку од еден месец му го продолжи договорот.

Несреќата се случи во сабота околу 18 часот во град на северозападот од Португалија. Потрагата траела три часа, а телото било откриено во 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер има нов адут во борбата за Коне!

Интересот на Интер за 24-годишниот играч од средниот ред на Рома, Ману Коне, и понатаму е …