Дома Фудбал Ибрахимовиќ посети познат храм и учествуваше во посебен ритуал (Фото)

Ибрахимовиќ посети познат храм и учествуваше во посебен ритуал (Фото)

Фудбалската легенда Златан Ибрахимовиќ повторно покажа дека не го интересираат само луксузот, моќта и трофеите, туку и духовниот мир. Имено, поранешниот репрезентативец на Шведска овие денови престојува на Бали, каде го посети еден од најпознатите хинду храмови, Тирта Емпул.

Златан сподели фотографии од своето духовно патување на социјалните мрежи, откривајќи дека учествувал во традиционалниот балиски ритуал за прочистување со вода, познат како мелукат. Ова е древен хинду обичај кој се пренесува од генерација на генерација како средство за чистење на телото, умот и духот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На една од објавените фотографии се гледа како Златан стои под светите фонтани додека водата тече низ неговото тело. На друга, ја наведнува главата под силниот поток на светиот извор, целосно посветен на моментот. Третата слика го прикажува Ибрахимовиќ како се спушта по камените скали на храмот, облечен во саронг, традиционална ткаенина која се носи за време на посета на храмови на Бали.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…