Дома Фудбал Готово: Ништо од Шпанија, Лука Јовиќ има нов клуб!

Готово: Ништо од Шпанија, Лука Јовиќ има нов клуб!

Сега е конечно јасно, Лука Јовиќ преминува во АЕК и ќе потпише договор за две години со вредност од пет милиони евра, додека за потписот добива милион евра.

Поранешниот напаѓач на Милан, Реал Мадрид, Црвена звезда, Бенфика, Ајнтрахт и Фиорентина пристигна во Атина за да се приклучи на тимот под водство на тренерот Марко Николиќ. Мијат Гаќиновиќ и Лука Јовиќ повторно ќе заиграат заедно, како што беше во Ајнтрахт кога Јовиќ беше на врвот од кариерата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст



Според информациите од грчкиот портал Газета, Јовиќ ќе стане еден од најплатените играчи во екипата. Неговата годишна плата ќе изнесува 2.500.000 евра, израмнувајќи се со платата на Антонио Марсјал, додека Ерик Ламела заработува помалку. Покрај тоа, српскиот напаѓач ќе добие уште еден милион евра за потписот, што значи дека за двете сезони ќе инкасира 6.000.000 евра. Зарди понатамошната заработка, договорени се и дополнителни бонуси поврзани со бројот на постигнати голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп не мирува: Веќе има нова идеја, Манчестер сити може да добие засилување од 100 милиони евра!

Maнчестер Сити сезонава не игра на највисоко ниво, а уште еден удар беше доживеан во вторн…