Дома Фудбал Проблеми во Бергамо: Најдобриот фудбалер на Аталанта му го сврте грбот на клубот

Проблеми во Бергамо: Најдобриот фудбалер на Аталанта му го сврте грбот на клубот

На Апенините без одредена доза на скандал речиси не може да се помине. Практично секој ден медиумите изнесуваат по една нова вест која ја шокира јавноста.

Фудбалскиот репрезентативец на Нигерија, Адемола Лукман поднесе барање за трансфер од сегашниот клуб – Аталанта.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Овој фудбалер моментално се опоравува од повреда на листот, а го обвини клубот од Бергамо дека не ги почитувале договорените ветувања.

Лукман е на мета на Интер и е многу блиску до договор со тој клуб. Од претходно имаше договор со Аталанта дека може да замине ако стигне фер понуда.

Сепак, изгледа дека Лукман и Аталанта немаат исто мислење за изразот „фер понуда“, па Нигериецот смета дека веќе требало да биде на пат за Интер.

По ова прашање излезе на социјалните мрежи каде откри дека поднел барање за трансфер.

„Аталанта прими понуда која е согласно со претходно договореното.

Меѓутоа, тие се повлекоа од договорот. Чувствувам дека немам избор освен јавно да кажам што се случува.

Доста е! Можам да потврдам дека поднесов официјално барање за трансфер“, напиша Лукман.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати четвртфиналните двојки на Лигата на Европа

Познати се сите учесници во четвртфиналето на УЕФА Лигата на Европа откако завршија реванш…