Дома Фудбал Парти го напушти Арсенал и ќе дебитира против – Арсенал!

Парти го напушти Арсенал и ќе дебитира против – Арсенал!

Томас Парти ова лето се раздели со Арсенал како слободен играч и се договори со Вилјареал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ганскиот репрезентативец ќе се врати во Шпанија, земјата каде ги направи првите фудбалски чекори во Атлетико Мадрид, од каде замина во Арсенал во 2020 година за 50.000.000 евра.

Интересно е што Парти ќе го направи својот деби повторно против Арсенал, и тоа во пријателска средба закажана за среда, 6 август на стадионот „Емирејтс“ во Лондон.

Парти е најзначајно засилување за Марселино Торал ова лето, иако Вилјареал ги донесе и талентираното крило на Лас Палмас, Алберто Молеира, Сантијаго Моринјо од Атлетико Мадрид и Тахон Бјукенан од Интер.

Парти има 32 години и уште неколку сезони за играње во Ла Лига. Со Вилјареал се договори до летото 2027.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…