Дома Фудбал Шешко може да заврши во Премиер лигата, но не во Манчестер јунајтед!

Шешко може да заврши во Премиер лигата, но не во Манчестер јунајтед!

Њукасл испрати официјална понуда до Лајпциг за Бенјамин Шешко, при што словенечкиот напаѓач се наоѓа пред преселба на „Сент Џејмс Парк“.

Се работи за сума од 80 милиони евра што Њукасл ја понуди за трансферот на Шешко. Доколку Лајпциг ја прифати оваа понуда, тоа ќе значи нов клупски рекорд за англискиот тим.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Предводно најскапиот трансфер на Њукасл беше Александер Исак, кој пристигна од Реал Сосиедад за 70 милиони евра, а интересно е што токму Шешко е предвиден како негова замена.

Имено, Ливерпул е во потрага да го доведе Исак во своите редови, но Њукасл нема намера да го ослободи пред да обезбеди негова соодветна замена.

Освен Њукасл, за Шешко интерес покажа и Манчестер Јунајтед, меѓутоа засега само Њукасл испрати официјална понуда до Лајпциг. Тоа многумина во Англија го сметаат за сигурен знак дека словенечкиот фудбалер дал согласност за премин кај „Сврки.“

Официјализацијата на трансферот е само прашање на време, а тоа и ќе ги израдува фановите на Ливерпул, кои наскоро би можеле да го видат Исак во црвениот дрес за новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Гол каков што не се гледа секој ден: Мароканец погоди од својата половина

Мароко успеа да триумфира со 3-2 против Јордан во Арапскиот куп, но најголемо внимание при…