Дома Фудбал Исак се враќа во Њукасл – се помири со судбината?

Исак се враќа во Њукасл – се помири со судбината?

Фудбалерот на Њукасл, Александер Исак, се враќа во Англија каде што ќе продолжи со тренинзи со тимот откако престојуваше во Сан Себастијан, каде што работеше индивидуално.

Тој не патуваше со тимот на азиската турнеја, поради интересот на Ливерпул за неговите услуги и желбата на шведскиот напаѓач да потпише за “црвените”. Првата понуда од вчера беше одбиена, но сепак изнесува нешто помалку од она што веднаш се пренесе. Се работи за 126.000.000 евра, додека се верува дека Њукасл е спремен да преговара за сума од околу 140.000.000.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Прашалникот е дали Ливерпул ќе испрати подобрена понуда, но интересот сè уште постои, пишува “Атлетик”.

“Не знам што ќе се случи понатаму, но од наша перспектива, ние и понатаму го поддржуваме Алек во секој поглед и сакаме да го видиме повторно во дресот на Њукасл”, изјави денес Еди Хау.

Познато е и дека Њукасл сака да му понуди нов договор и да вклучи клаузула за заминување следното лето. Дали ова значи дека тој се има помирено со останувањето или само не сака да го напушти клубот во лоши односи, ќе дознаеме многу наскоро.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто никој не го сака Рафа Бенитез?

Шпанскиот тренер Рафаел Бенитез сѐ уште сака да се натпреварува на највисоко ниво, но пону…