Дома Останати Тенис Беше трет тенисер во светот, заработи 35 милиони, а сега поминува низ тешки денови

Беше трет тенисер во светот, заработи 35 милиони, а сега поминува низ тешки денови

Стефанос Циципас доживеа пораз на почетокот на Мастерсот во Торонто од Кристофер О’Конел пред две ноќи, продолжувајќи да игра во ужасна форма во годината кога го освои трофејот во Дубаи и потврди дека се наоѓа во многу лош период од својата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По критиките од Горан Иванишевиќ, неговиот тренер во краток временски период, се раздели со него и повторно со својот татко се обидува да ја најде правилната форма. За некогаш третиот тенисер во светот, кој само од турнири заработил скоро 35.000.000 долари, тоа е тежок пат, иако има само 26 години и многу време пред него.

Тоа што најмногу го мачи во последно време е раскинувањето со атрактивната шпанска тенисерка Паола Бадоса, што може да се заклучи и од неговиот статус на социјалната мрежа “X” во саботата.

– Знаеш дека некој е навистина заљубен кога ќе почне да ги игнорира црвените знамиња за кои порано ги предупредувал другите – напиша Стефанос Циципас.

Освојувачот на дванаесет титули тешко го поднесува раскинувањето, додека тоа не е случај со шпанската тенисерка, која доцна синоќа објави фотографии од фотошутингот со провокативен опис.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…