Дома Фудбал ПСЖ му соопшти на Донарума дека нема да биде прв избор за голман во новата сезона

ПСЖ му соопшти на Донарума дека нема да биде прв избор за голман во новата сезона

ПАРИ СЕН-ЖЕРМЕН му укажа на Џанлуиџи Донарума дека во претстојната сезона можеби нема да биде првиот избор на тимот за голманската позиција.

Француските медиуми го протолкуваа ова како јасен знак дека клубот не смета на италијанскиот репрезентативен голман и дека го поттикнува кон излез и трансфер.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Главниот проблем во разговорите меѓу ПСЖ и Донарума се сведува на договорот кој истекува во јуни 2026 година.

Преговорите за продолжување на соработката не вродија плод бидејќи Донарума не се согласува да прифати намалување на платата, ниту модел каде значителен дел од примањата би зависел од неговите настапи.

За да се избегне сценарио во кое би заминал бесплатно следното лето, ПСЖ мора да го продаде ова лето. Наводно, ПСЖ му соопшти на Донарума дека местото на прв голман ќе му припадне на Лукас Шевалие, кој доаѓа од Лил. Со овој чекор, тие се надеваат дека италијанскиот голман нема да сака да мине сезона на клупата.

Идејата на клубот се толкува како порака до Донарума да прифати некоја од понудите кои ги има. Се шпекулира дека голманот, кој го освои и Лигата на шампионите и француската Лига 1, има понуди од Премиер лигата (Челси, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити), Турција (Галатасарај) и Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Урнебесно: Полски клуб ја исмејува соблекувалната каде што гостуваше и Шкендија – погледнете како изгледа (Видео)

Полскиот клуб Лех Познањ се потсмеа со условите во соблекувалната на Рајо Ваљекано пред ни…