Дома Фудбал Робињо додека е во затвор си најде партнер и сега ќе започне бизнис!

Робињо додека е во затвор си најде партнер и сега ќе започне бизнис!

Познатиот бразилски фудбалер Робињо веќе повеќе од една година се наоѓа во затворот во Тременбе (Бразил), каде што отслужува казна поради учествување во групно силување на девојка кое се случило во Италија во 2013 година.

И покрај тоа што е зад решетки, Робињо не ја губи можноста за активности, а според Марка, успеал да постигне голем деловен договор со друг притвореник.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во затворот, тој се запознал со хакерот Валтер Делгати, осуден на осум години за хакирање на системот на Националниот совет за правосудство на Бразил. Тие двајца договориле да започнат обложувалница по нивното излегување на слобода.

Со комбинираните способности на славата на Робињо и технолошките вештини на Делгати, тие планираат да изградат сериозен бизнис по затворските денови.

Делгати и Робињо, кој наводно е иницијатор на оваа идеја, живеат во засебни ќелии во Тременбе, но често престојуваат заедно сончајќи се во дворот на затворот, според локални извори.

Робињо во моментот се обидува да премине во полуотворен затвор, но неговото обраќање за укинување на пресудата од италијанскиот суд не успеа. Во меѓувреме, се фокусира на одржување примерна дисциплина и добрина кон другите затвореници.

Екс-фудбалската ѕвезда моментално се занимава со поправка на телевизори и радио приемници, благодарение на завршен курс за електроника од 600 часа, вклучен е во книжевен клуб, се грижи за градина и завршил десет модули од Програмата за образование за работа и граѓанство.

Сега бара од управата на затворот намалување на казната или барем префрлување на полуотворен режим. Всушност, за секои 12 часа работа, Робињо добива скратување на казната за еден ден.

Инаку, за силувањето на Албанката, Робинјо беше осуден на девет години затвор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Казнет телохранителот на Меси зашто нападнал противнички фудбалери (Видео)

Организаторите на американскиот Лига куп – натпреварување во кое се натпреваруваат клубови…