
Фудбалскиот клуб Њукасл ја одби почетната понуда од Ливерпул за напаѓачот Александер Изак.
Преговорите течат веќе некое време и конечно пристигна првиот официјален финансиски предлог на адресата „Сент Џејмс Парк“, но Ливерпул доби негативен одговор од Њукасл.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Њукасл не е задоволен од предложената сума од 138 милиони евра, плус бонуси за напаѓачот кој сака да се појави во црвениот дрес на шампионот на Англија. Ова би значело нов британски рекорд, надминувајќи го оној на Флоријан Вирц.
Њукасл сака прво да најде соодветна замена за Исак, но тоа не е лесна задача бидејќи на пазарот нема играчи со профилот на шведскиот фудбалер.
Ливерпул се подготвува да ја подобри понудата која би можела да достигне 150 милиони евра.
Тимот управуван од инвестицион фонд од Саудиска Арабија сака Изак да остане и се подготвени да му понудат нов договор со можност за раскин следната година. Во меѓувреме, многу соиграчи го убедуваат да остане, но Исак веќе јасно посочил дека е решен да оди во Ливерпул, па се изолирал во Сан Себастијан каде што тренира на терените на неговиот поранешен клуб Реал Сосиедад додека чека расплет на ситуацијата.