Дома Фудбал Гвардиола е светски рекордер – потроши 2,48 милијарди евра на засилувања

Гвардиола е светски рекордер – потроши 2,48 милијарди евра на засилувања

Еден од најтрофејните тренери во светот, Пеп Гвардиола трошеше многу пари на засилувања во досегашниот дел од кариерата, а тоа го покажуваат и податоците на „Трансфермаркт. Тој е прв на списокот на тренери со потрошени речиси 2,5 милијарди евра на фудбалери.

Гвардиола од 2008 година до денес ги тренираше Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити, а притоа потроши две милијарди и 480 милиони евра на засилувања.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На втората позиција се наоѓа Жозе Мурињо, кој на нови фудбалери потроши неверојатни 1,96 милијарди евра, а во кариерата досега ги тренираше Порто, Челси, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотнем, Рома и Фенербахче.

Третото место на листата е резервирано за Карло Анчелоти, кој на засилувања потроши 1,83 милијарди евра. Во кариерата тренираше екипи како Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен и други, а во моментов е селектор на Бразил.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бензема може да се врати во Европа, неговата ситуација ја следи гигант!

Пулсот на европската фудбалска сцена го вознемири вест која предизвика значителен интерес …