Дома Фудбал Голем ден во Ливерпул: Засилувањата од 308 милиони евра си ги избраа броевите! (Видео)

Голем ден во Ливерпул: Засилувањата од 308 милиони евра си ги избраа броевите! (Видео)

Ливерпул, шампионот на Англија, претстави пет значајни засилувања за наредната сезона, што го поставува како фаворит и за следната титула.

Со задржан јадрото на победничкиот тим, Ливерпул на средината од трансфер периодот потроши неверојатни 308 милиони евра.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Вкупно пет големи имиња се веќе дел од составот, а се очекува и пристигнување на Александар Исак од Њукасл.

Флориан Вирц, Хуго Екитике, Милош Керкез, Џереми Фримпонг и уште претходно, Георги Мамардашвили, кој се присоедини по неговиот заем во Валенсија, се новите лица во тимот.

Гигантот вложи 308 милиони евра во овие нови играчи, а сега ги претставија истите, заедно со броевите кои ќе ги носат на натпреварувачките дресови.

Најблескавата ѕвезда е несомнено Флориан Вирц, за кој Ливерпул плати 125 милиони евра на Бајер Леверкузен. Вирц ќе игра со бројот 7 на својот дрес.

Хуго Екитике ќе носи број 22, додека Милош Керкез се одлучи за бројот 6. Џереми Фримпонг ќе биде со бројот 30 во тимот, а голманот Мамардашвили ќе игра со бројот 25 на дресот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен купи уште еден стадион

Баерн Минхен купи нов стадион за околу 7.5 милиони евра. Овој потег на баварскиот гигант б…