Дома Фудбал Шест засилувања од 200 милиони не се доволни: Артета носи уште еден фудбалер во борба за титулата

Шест засилувања од 200 милиони не се доволни: Артета носи уште еден фудбалер во борба за титулата

Повеќе од две децении без титула, три последователни втори места, Арсенал секако како главна цел гледа на прекин на постот во Премиер лигата. Ова лето повторно потрошија многу пари, донесоа шест нови играчи, меѓу нив и Ѓокереш и Мартин Зубименди кои треба да го подигнат квалитетот на тимот на повисоко ниво.

Засилени се сите линии на тимот, поранешниот капитен на Брентфорд, Норгард, ќе ја пополни средината по заминувањето на Жоржињо и Парти. Кепа ќе биде алтернатива за својот сонародник Раја на голот. Москера е додаток во одбраната, навивачите беа против ангажманот на Нони Мадуеке, но имајќи предвид честите повреди на Жесус и Кај Хаверц, играчот штотуку од Челси е секако потребен за да ја зголеми конкуренцијата.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


И дали е тоа сѐ од Артета ова лето?

Не, иако потрошија околу 200 милиони фунти, приходите од околу 600 милиони и продажбата на играчи (50 милиони) значат дека сѐ уште се под линијата на прекршување на финансискиот фер-плеј.

Но, за да донесат засилувања, ќе мораат да се ослободат од играчи на кои Артета не смета. Првата цел е секако Еберечи Езе од Палас, алтернатива е прескапиот Родриго. Сепак, фудбалерот на “Орлите”, кој може да игра класична “десетка” или лево во средината и би бил од голема помош, е сон на Артета. За да го откупат Езе од тимот од Јужен Лондон, ќе мора да продаваат и тоа брзо.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земјотрес“ од Словенија: Шешко го избра клубот што малкумина го очекуваа

Словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко има многу бурно лето бидејќи беше поврзуван со бројни …