
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед изрази интерес за играчот на Астон Вила, Оли Воткинс, како и за Бенјамин Шешко од Лајпциг, пренесува БиБиСи.
Британските медиуми нагласуваат дека Воткинс и Шешко се на самиот врв на списокот желби на Манчестер Јунајтед, доколку клубот од Олд Трафорд одлучи да се засили со напаѓач во летниот преоден рок.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Дополнително, се истакнува дека раководството на Манчестер Јунајтед е согласен дека клубот треба да се ослободи од неколку играчи, но се додава дека ова можеби нема да се случи пред крајот на преодниот рок на 1 септември.
Астон Вила бара 60 милиони фунти за Воткинс, што е висока сума за Манчестер Јунајтед. Воткинс има договор со клубот од Бирмингем до 2028 година.
БиБиСи известува дека за Шешко се заинтересирани бројни европски клубови. Минатата сезона, Шешко одигра 45 натпревари во сите конкуренции за Лајпциг и постигна 21 гол.