Дома Фудбал Сити го сруши рекордот со новиот голман, но сега го посакува и Донарума

Сити го сруши рекордот со новиот голман, но сега го посакува и Донарума

Манчестер Сити го врати Џејмс Трафорд од Барнли, со што го осигура своето место во историјата на англискиот фудбал.

Младиот голман, кој е продукт на академијата на „Граѓаните“, сега е најскапиот британски чувар на мрежата на сите времиња, откако неговото враќање беше платено 36 милиони евра.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Со овој трансфер, Трафорд го надмина Џордан Пикфорд, чиј премин од Сандерленд во Евертон во 2017 година за 35 милиони евра досега не беше надминат меѓу британските голмани.

Сепак, покрај доаѓањето на Трафорд, Манчестер Сити наводно планира уште една аквизиција на голманската позиција. Медиумите блиски до клубот од Етихад тврдат дека мета е Џанлуиџи Донарума од ПСЖ. Италијанскиот интернационалец има договор што истекува наредното лето, а самиот играч не е заинтересиран за продолжување на соработката со Парижаните.

Шпекулациите дополнително се засилуваат со информациите дека и градскиот ривал, Манчестер Јунајтед, ја следи ситуацијата со Донарума и може да се вклучи во борбата за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емери го пронајде идеалниот напаѓач, но дали 55.000.000 евра ќе бидат доволни?

Астон Вила официјално побара информации за можен трансфер на робусниот шпански напаѓач Сам…