Дома Фудбал Кунде беше желба на Манчестер сити, но тој донесе поинаква одлука за иднината

Кунде беше желба на Манчестер сити, но тој донесе поинаква одлука за иднината

Францускиот фудбалер Жул Кунде ќе остане верен на Барселона, и покрај интересот на Манчестер Сити за неговите услуги.

Жул Кунде потпиша за Барселона во 2022 година, откако Каталонците го купија од Севиља за 50 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Оттогаш, без разлика дали играше во центарот на одбраната или како десен бек, каде што беше преместен меѓувремено, францускиот репрезентативец покажа напредок.

Кунде имаше уште две години договор со Барселона, а Манчестер Сити се надеваше дека ќе го доведе, бидејќи тимот од Етихад се имаше проблеми на десната страна на одбраната по заминувањето на Вокер.

Според медиумите, Кунде потпишал продолжување на договорот со Барселона, игнорирајќи ја понудата на „Граѓаните”.

Новиот договор на десниот бек ќе важи до летото 2030 година. Управата на Блауграна го смета Кунде за најдобриот на таа позиција и не сакаше да го изгуби под никакви околности.

Во Шпанија се појавија и гласини дека Жул Кунде ќе заработи повеќе пари по потпишувањето на овој договор. Французинот заработуваше 13 милиони евра бруто.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Интер збеснаа: Го бркаат Турам кај брат му во Јувенту!

Браќата Тирам, заедно со Василиј Аџиќ, беа во центарот на вниманието на „Дерби Италије“. П…