Дома Фудбал Флик воведе уште едно строго правило во Барселона, а за сето тоа е виновен Јамал

Флик воведе уште едно строго правило во Барселона, а за сето тоа е виновен Јамал

Ханси Флик, кога пристигна во Барселона минатото лето, веднаш им соопшти на играчите дека воведува десет правила кои сите мораат да ги почитуваат, и при тоа казните се строги ако некој од правилата се прекрши. Година подоцна, Флик одлучи да воведе уште едно правило, а на играчите на Барса им е јасно дека главниот виновник за тоа е Ламине Јамал.

Флик минатата година седна на клупата на Барселона откако неочекувано Хавиер Ернандес доби отказ, но се испостави дека тоа беше многу добра одлука од страна на челните луѓе на каталонскиот клуб.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Германскиот тренер при пристигнувањето во Барселона соопшти дека има свој систем на работа кој мора да се почитува, и дека ќе воведе бројни правила за да дисциплината во тимот биде на што повисоко ниво.

Тој пред почетокот на минатата сезона ги претстави десетте правила за играчите кои не смеат да се прекршат, а се виде дека секој кој прекрши некое од правилата беше казнет со неизигрување во следниот натпревар.

Има уште некои правила поврзани со тренинзите со кои сака дополнително да го зголеми дружењето на играчите и да создаде што подобри односи меѓу нив, а што се покажа дека успеал да го направи во изминатата сезона.

Сепак, пред почетокот на новата сезона, Флик одлучи да воведе уште едно правило, а сега е јасно на сите дека главниот “виновник” за тоа е Ламине Јамал.

Шпанските медиуми пишуваат дека Флик им забранил на играчите во текот на сезоната да прават забави толку често и дека секогаш мораат да се консултираат со него за да му објаснат каква забава прават и тој треба да им даде одобрение за истата.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Едерсон е минато: Гвардиола договори нов чувар на мрежата

Манчестер Сити се подготвува за следната сезона во која ќе се обидат да се вратат на „голе…