Дома Фудбал Тер Штеген со порака до навивачите: Денеска е за мене тежок ден…

Тер Штеген со порака до навивачите: Денеска е за мене тежок ден…

Искусниот голман на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, кој само во завршницата на минатата сезона се врати на теренот по повредата, потврди дека го очекува нова повеќемесечна пауза затоа што во договор со медицинскиот тим на актуелниот шампион на Шпанија проценија дека операција на грбот е најдоброто решение.

Германскиот голман беше на излезните врати на Барселона, но тој, наспроти шпекулациите за заминување, најави дека сака да се бори за минути во тимот на Ханси Флик.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сепак, болките и проблемите во грбот ќе го спречат да се бори за минути во жестоката конкуренција на Барселона, бидејќи го очекува операција и тримесечна пауза.

Драги навивачи,

Со гордост ја носам бојата и дресот на ФК Барселона, било да е тоа на теренот или надвор од него, во моменти на успех, но и во тежок период. Денес е за мене лично тежок ден.

Физички и атлетично, се чувствувам во многу добра форма, иако за жал не сум ослободен од болка. По интензивни разговори со медицинскиот тим на Барселона и надворешни експерти, најбрзиот и најсигурен начин за моето целосно закрепнување е операција на грбот.

По последната моја операција на грбот, се вратив на теренот по 66 дена — речиси два месеца; истиот пат, лекарите сметаат дека ќе бидат потребни околу три месеца како мерка на претпазливост, за да се избегнат било какви ризици.

Емоционално, многу ми е тешко што во овој период не можам да го поддржам тимот. За среќа, рехабилитацијата е можна и патот до закрепнување е јасен.

Ќе ве информирам за моето закрепнување и искрено сакам да им се заблагодарам на сите вас, драги Кулери, што секогаш сте со мене.

Не грижете се – ќе се вратам“, напиша Тер Штеген, голман кој веќе 12. година е член на каталонскиот клуб со кој има договор поврзан за уште три сезони.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Едерсон е минато: Гвардиола договори нов чувар на мрежата

Манчестер Сити се подготвува за следната сезона во која ќе се обидат да се вратат на „голе…