
Александар Митровиќ, најдобриот голгетер во историјата на фудбалската репрезентација на Србија, би можел наскоро да се пресели во редовите на англискиот гигант – Манчестер Јунајтед.
Вестите кои пристигнуваат од Премиер лигата носат информации дека српскиот напаѓач е на мета на „Црвените ѓаволи“, и дека трансферот кој се смета за можност на „кариерата“ е сѐ поблиску до остварување.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Причината за евентуалното негово заминување од Саудиска Арабија е тоа што новиот тренер на Ал Хилал, Симоне Инзаги, наводно не смета на Митровиќ за следната сезона. Поради ова, се очекува српскиот голгетер да го напушти клубот, а Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата.
Клубот од Олд Трафорд е сериозно заинтересиран да го донесе Митровиќ, но точниот тајминг зависи од тоа како ќе се развиваат односите помеѓу него и Ал Хилал.
Сѐ уште не е јасно колку Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди за услугите на Митровиќ, но сосема е извесно дека ваков трансфер би бил еден од најзначајните во кариерата на 30-годишниот напаѓач.
Митровиќ досега во кариерата има играно за Партизан, Андерлехт, Њукасл Јунајтед, Фулам и Ал Хилал, а враќањето во англиската елита би претставувало повторно враќање во лигата во која веќе остави длабок впечаток.