Дома Фудбал Аморим им „фрли око“ на две ѕвезди од Премиер лигата

Аморим им „фрли око“ на две ѕвезди од Премиер лигата

Манчестер Јунајтед сериозно влезе во преговори со Астон Вила, со цел да ги ангажира двајцата највлијателни фудбалери од тимот на Унаи Емери – аргентинскиот голман Емилијано Мартинез и напаѓачот Оли Воткинс.

Црвените ѓаволи, кои се решени да го зајакнат својот состав пред новата сезона, веќе испратија прва понуда за Мартинез, но истата била одбиена од страна на клубот од Бирмингем. Аргентинецот, кој беше еден од клучните фигури во успесите на Вила во последните сезони, наводно е подготвен за нов предизвик, што дополнително ги поттикнува шпекулациите за преселба на „Олд Трафорд“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Покрај него, Јунајтед ја има впишано и ѕвездата на нападот на Астон Вила – Оли Воткинс – на списокот на приоритетни засилувања. Сепак, првичните разговори на оваа тема не вродиле со плод.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски е минато: „Машината“ од Косово станува нова „деветка“ на Барселона!

Се чини дека Барселона ја најде замената за Роберт Левандовски. Тоа е напаѓачот на Хофенха…