Дома Фудбал Слот врши притисок: Ливерпул ќе ги урне сите граници поради Исак

Слот врши притисок: Ливерпул ќе ги урне сите граници поради Исак

Александар Исак, еден од најдобрите напаѓачи во светот, официјално побара да го напушти Њукасл.

Ова веднаш ги покрена приказните за неговото доаѓање во Ливерпул. Англискиот шампион покажа огромен интерес, а фактот што пред два дена потпишаа договор со уште еден напаѓач Уго Екитике не менува ништо.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Црвените наводно веќе започнале разговори со шведскиот репрезентативец за неговите лични услови. Подготвени се да понудат дури 140 милиони евра за Исак, што би бил најголемиот трансфер ова лето.

Ливерпул веќе го купи спомнатиот Екитике за 95 милиони, а дури 125 милиони одделија за Флоријан Вирц. Милош Керкез беше платен 47 милиони, а Џереми Фримпонг 40 милиони евра.

Ако се оствари трансферот на Исак, Ливерпул би потрошил неверојатни 450 милиони евра за засилувања.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повторно Винисиус во главна улога – го задржуваа да не направи скандал во тунелот на „Етихад“! (Видео)

Бразилецот Винисиус повторно се најде во фокусот по реваншот од осминафиналето на Лигата н…