Дома Фудбал Официјално: Рашфорд претставен во Барселона – ова се деталите

Официјално: Рашфорд претставен во Барселона – ова се деталите

Маркус Рашфорд веќе не е дел од Манчестер Јунајтед – англискиот напаѓач својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Барселона, што го потврдија двата клуба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дваесет и седумгодишниот фудбалер доаѓа на едногодишна позајмица, со можност за откуп на договорот по цена од 32,5 милиони евра.

Дека трансферот во каталонскиот клуб му е приоритет, покажува и фактот што прифати намалување на платата.

Рашфорд за првиот тим на Јунајтед одигра 426 натпревари и постигна 138 голови во сите конкуренции. Сепак, под водство на новиот тренер Рубен Аморим, тој го изгуби статусот на стандарден член на тимот, а неговиот професионален пристап наводно е доведен во прашање.

Во февруари оваа година беше испратен на позајмица во Астон Вила, каде што во 17 натпревари постигна четири гола.

За репрезентацијата на Англија забележа 62 настапи и 17 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно ја одби првата понуда на Ман Јунајтед за нов договор

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на играчот од средниот ред и капитенот на…