Дома Фудбал Челзи на чекор до нов голем трансфер

Челзи на чекор до нов голем трансфер

Управата на Челзи испрати официјална понуда за дефанзивецот на Ајакс, Јорел Хато, пренесува трансфер експертот Фабрицио Романо.

Фудбалерот игра како лев бек, но може да биде користен и во централната линија на одбраната. 19-годишниот младинец имаше многу успешна сезона изминатата година, играјќи во 50 натпревари за амстердамскиот гигант каде постигна 3 гола и 6 асистенции.

Хато привлече интерес од голем број на врвни тимови, но до сега само “сините” официјално го покажаа интересот и испратија понуда.

До сега во “Стамфорд Бриџ” потрошија скоро 250 милиони евра, но немаат планови да ја завршат селекцијата, бидејќи во овој момент преговараат и за плејмејкерот на РБ Лајпциг – Чави Симонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендите не му веруваат на Дортмунд: Ковач пред речиси невозможна мисија во Минхен

Баерн и Борусија го чекаат дербито израмнети на врвот, но Матеус и Самер гледаат огромна р…