Дома Фудбал Чалханоглу откри дали останува во Интер и дали се смирил со Лаутаро

Чалханоглу откри дали останува во Интер и дали се смирил со Лаутаро

Полуфудбалерот на Интер Хакан Чалханоглу ја прекрши јавната тишина во врска со неговата ситуација во последните недели.

Турскиот репрезентативец увери дека останува во миланскиот гигант и покрај гласините за негов трансфер во Галатасарај или Фенербахче. Тој исто така откри дека се има помирено со капитенот Лаутаро Мартинес, кој при испаѓањето на „неразурите“ од Светското клупско првенство навести дека полуфудбалерот е слободен да си замине ако нема желба повеќе да игра за финалистот во Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Одморот не беше лесен за мене, бидејќи имаше многу шпекулации во врска со мене. Јас, сепак, бев во постојан контакт со клубот, работевме заедно и се вратив во врвна форма. Ми недостигаа другите момци и сега сакам да се фатам за работа. Не сакав да правам никакви изјави. Среќен сум што останувам. Јас сум играч на Интер и сакам да го продолжам мојот престој тука. Ќе видиме што ќе се случи, мојата цел е да освојам трофеи тука.

Со Лаутаро сè е разјаснето, нема никаков проблем. Кога ќе се врати капитенот, ќе се прегрнеме. Бевме полни со енергија, но сега сите сме мирни, и така сме задоволни и подготвени повторно да играме заедно. Се надевам дека ќе потпишам нов договор со клубот, но ќе видиме што ќе се случи во следните две години. Тука се чувствувам многу среќен”, коментира Чалханоглу

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Издаден налог за апсење: Поранешниот фудбалер на Јувентус и Баерн се најде во голем проблем!

Бразилскиот фудбалер Даглас Коста се соочува со сериозни правни проблеми, откако судот во …