Дома Фудбал Реал Мадрид ја одреди судбината на својата ѕвезда: Чекаме да ни се јават!

Реал Мадрид ја одреди судбината на својата ѕвезда: Чекаме да ни се јават!

Реал Мадрид состави одличен тим за следната сезона – особено во напаѓачкиот дел, но поради преголема „гужва“ напред, некој ќе мора да го напушти кралскиот клуб. Сега е познато кој е тој и која му е најверојатната следна дестинација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кралскиот клуб зад себе има една прилично лоша сезона за нивните стандарди, сезона која ја завршија без трофеј во витрините.

Барселона им ги „зеде пред нос“ сите три домашни трофеи – Суперкупот на Шпанија, Купот на Кралот и трофејот на државното првенство.

Резултат на сето тоа беше заминувањето на Карло Анчелоти од клубот и доаѓањето на Љабие Алонсо на жешката клупа на Мадрид.

Реал Мадрид ова лето потврди веќе неколку влезни трансфери, па така во клубот досега дојдоа Трент Александер-Арнолд, Дин Хујсен, Алваро Карерас и Франко Мастантуоно.

Покрај влезните трансфери ќе има секако и излезни, а еден од играчите кој најмногу се спомнува во контекст на заминување од Сантијаго Бернабеу е Родриго.

Бразилецот се поврзуваше со голем број европски клубови, меѓу кои беа и ПСЖ, Арсенал, па дури и големиот ривал – Барселона.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …