Дома Фудбал Бразил „гореше“: Винисиус приреди дводневен роденденски спектакл (Фото)

Бразил „гореше“: Винисиус приреди дводневен роденденски спектакл (Фото)

Рио де Жанеиро две ноќи беше посебен ‘Вини свет’. Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор, реши да ја подигне прославата на својот 25-ти роденден на сосема ново ниво, создавајќи свој тематски парк во неговата татковина. Спектакуларната прослава се одржа во Лажеду, ексклузивен простор за настани во општина Варгем Пекена.

На влезот во комплексот, гостите ги дочека огромен светлечки натпис ‘Парке Баила Вини Свет’, но тоа беше се што љубопитните набљудувачи можеа да го видат. Настанот беше строго приватен, резервиран само за семејството, пријатели и посебни гости на бразилскиот фудбалер. Внатре во паркот, посетителите ги дочекало искуство достојно за холивудска продукција.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓу гостите кои ја збогатија прославата на Винисиус, беа и неговите соиграчи од Реал, Едуардо Камавинга и Раиниер Жесус. Сепак, најголемото внимание го привлече американскиот репер Травис Скот, кој не само што беше гостин, туку и ја запали атмосферата со својот настап.

Рио две ноќи танцуваше на хитови како ‘Highest in the Room’, ‘FE!N’ и ‘Butterfly Effect’.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…