
Се случи тоа што тениските фанови го посакуваа – после 16 месеци пауза, на теренот се врати Венус Вилијамс која доби специјална покана за турнирот во Вашингтон, а за да бидат работите уште подобри, таа и победи во првото коло на синглови против Пејтон Стирнс со 2:0, по сетови 6:3, 6:4!
Бројни тениски фанови беа воодушевени кога видоа дека Венус Вилијамс сака да учествува на овој турнир, таа играше и дубл со Хејли Батист, а одлучи да се проба и во сингл, каде нејзина противничка беше девојка која има само 23 години, дури двојно помалку од неа (45)!
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Стирнс моментално се наоѓа на 35-то место на ВТА листата, па затоа победата на Венус Вилијамс е дури и поголема.
Фотографија: Принтскрин