
Легендата на Баерн Минхен, Томас Милер, нема намера да престане со фудбалот и ќе ја продолжи својата фудбалска кариера во САД, известува Sky Germany.
Според информациите, Милер, кој го напушти баварскиот тим по Светското клупско првенство, засега нема намера да ги закачи копачките на клин.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Рекордерот по натпревари за Баерн одлучил да премине во американската Мејџор лига сокер и има две опции за избор. Едната од нив е ФК Лос Анџелес, кој според Sky е партнер на Баерн.
Друг американски клуб – Синсинати, изјави минатиот месец дека му понудил договор на Милер.
Ветеранот во моментот е на одмор и се очекува да потпише договор со потенцијалниот нов клуб во следните 7 до 10 дена. Потоа ќе биде направено официјално соопштение.
Милер го напушти Баерн по 25 години во клубот, бидејќи неговиот договор истече ова лето и не му беше понуден нов. Последниот негов натпревар за родниот клуб беше поразот од 0:2 од Пари Сен Жермен на четвртфиналето на Светското клупско првенство.