Дома Фудбал Милан го најде својот заменик за Тео Ернандес

Милан го најде својот заменик за Тео Ернандес

Милан постигна договор со Брајтон за трансферот на левиот бек Персис Еступинан, соопшти Фабрицио Романо. Така, еквадорскиот репрезентативец ќе го наследи на оваа позиција Тео Ернандес, кој беше продаден на Ал-Хилал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата клуба се договориле за трансферна сума од 17 милиони евра плус уште 2 милиони како бонуси. Според Николо Шкира, играчот ќе добие договор на 4+1 година со плата од 2 милиони евра по сезона плус бонуси.

Самиот Еступинан имаше голема желба да се приклучи на „росонерите“, а во договорот помогна и неговиот агент Жорже Мендеш. 27-годишниот фудбалер помина три сезони во Брајтон по трансферот од Вилјареал, при што одигра 104 натпревари и постигна 5 голови и 14 асистенции за „чајките“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов потрес на Светското првенство! Канада ја одби фудбалската ѕвезда за виза

Судијата Роџер Лафрениер во вторник наутро го разгледа барањето, но го одби истиот ден, по…