Дома Фудбал Дали е ова најспектакуларното претставување на засилувања во историјата? Хеликоптер слета на култниот стадион

Дали е ова најспектакуларното претставување на засилувања во историјата? Хеликоптер слета на култниот стадион

Летниот трансфер период е најинтересниот дел од сезоната за многу фудбалски љубители, иако во ова време не се играат натпреварите од првенството. Сепак, наместо тоа, навивачите постојано го следат секој чекор, чекајќи на најновите информации за засилувањата и редовно коментираат на социјалните мрежи…

Не е изненадување што култниот стадион Де Кајп беше полн со публика, нетрпеливо очекувајќи да ги види новите засилувања на Феенорд за следната сезона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Феенорд навистина вложи труд за ова претставување да биде впечатливо и можеби најоригиналното досега кога е збор за презентации на нови играчи.

Најголемите засилувања кои ги донесе Феенорд ова лето се Сем Штајн од Твенте, за кого платија 10 милиони евра, како и Гонзало Борхес од Порто, исто така купен за иста сума.

Дополнително, во тимот дојдоа и Лучано Валенте од Гронингем, за 6,75 милиони евра, Гаусу Диара од Истанбулспор за 3,8 милиони евра, како и голманот Лијам Босин од Дордрехт, чии услови не се јавно објавени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Лаурентис: Стадионот на Наполи е ѓубре

Контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, присуствуваше на фудбалскиот д…