Дома Фудбал Најдобриот стрелец на Серија А преминува во Саудиска Арабија

Најдобриот стрелец на Серија А преминува во Саудиска Арабија

Најуспешниот стрелец од италијанското фудбалско првенство минатата сезона и италијанскиот напаѓач Матео Ретеги (26) го напушти тимот на Аталанта и потпиша четиригодишен договор со саудискиот Ал-Кадсија.

Финансиските детали на трансферот не се објавени, но италијанските медиуми спомнуваат дека компензирана е сума од 65 милиони евра, со што Ретеги би станал најскапиот италијански фудбалер во историјата.

Ретеги во Аталанта мина само една сезона откако лани летото пристигна од Џенова и за „божицата“ постигна 25 гола во Серија А, помагајќи ѝ во освојувањето на третото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…