Дома Фудбал Барселона може да ја започне и новиот сезона на “Монжуик”

Барселона може да ја започне и новиот сезона на “Монжуик”

Екипата на Барселона најверојатно ќе ја започне новата сезона на олимпискиот стадион „Монжуик“, соопштува шпанската преса денес.

Пред три недели Каталонците излегоа со официјална информација дека се’ со реконструкцијата на „Камп Ноу“ се одвива според очекувањата и според планот треба да се вратат на сопствениот стадион на 10 август за натпреварот за трофејот „Жоан Гампер“.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сепак, во последните денови Барса признаа дека тоа нема да се случи затоа што нема доволно време за извршување на сите проверки за безбедност и добивање на сите неопходни сертификати за враќање на публиката на трибините.

Уште минатата сезона Барселона ги објави своите планови како конечен датум за враќањето на „Камп Ноу“ да биде 29 ноември, денот на 125-годишнината од клубот.

Интересно е какви се точните договори на клубот со општината за користење на „Монжуик“, бидејќи на крајот на минатата сезона имаше исклучително напната ситуација кога се појави можност Каталонците да не можат да го играат Ел Класико на тој стадион, бидејќи во исто време беше најавен концерт на Ролинг Стоунс, и само доброто стечение на околностите и откажувањето на настанот на крајот беше спас за фудбалскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубовите и навивачите разочарани кога слушнаа каде ќе се игра Светското клупско првенство во 2029 година.

Светското клупско првенство оваа година за првпат се играше во нов формат откако FIFA вове…