
Нов скандал е на повидок да се оформи во шпанскиот фудбал, откако утрово „Ел Паис“ излезе со вест, во која се известува дека во јуни 2015 година Даночната агенција се обидела да изврши претрес во домот на шефот на Ла Лига, Хавиер Тебас, за наводни даночни измами, три дена пред вонредното генерално собрание на фудбалската централа.
Изданието имало пристап до материјали за „случајот Монторо“, од кои станува јасно дека Фелипе Мартинес Рико, шеф на кабинетот на поранешниот министер за финансии, го информирал самиот Кристобал Монторо дека е издадена наредба за претрес на домот на Тебас.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Во тоа време Реал Мадрид и локалната компанија „Телефоника“ се спротивставуваат на продажбата на телевизиските права на „Медиапро“. Тебас им пренел на претседателите на клубовите во Ла Лига на генералното собрание на 19 јуни 2015 година дека е под притисок од највисоко ниво да ја дозволи „Телефоника“ да учествува во наддавањето.
На 24 септември истата година се врши продажба на телевизиските права, која е одобрена од фудбалската централа, со Реал Мадрид како единствен опонент на зделката. Самото претресување на домот на Тебас, пак, во крајна линија не е извршено, зашто е подложно на судска контрола и не е дозволено од судијата.
„Тие ги играат овие карти повеќе од 10 години и продолжуваат да го прават тоа, мислејќи дека се недопирливи благодарение на својата преовладувачка положба и соучесништвото со дел од политичката класа. Веќе сум на јасно со вистината и сега веќе го имам и правото на своја страна. Ќе истражиме сè до крај,“ напиша малку подоцна самиот Тебас на социјалните мрежи како одговор на публикацијата.