Дома Фудбал Интер подготвува нова понуда за Адемола Лукман

Интер подготвува нова понуда за Адемола Лукман

Раководството на Интер подготвува подобрена понуда за Аталанта за Адемола Лукман, јавува “Газета дело Спорт”.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Само пред неколку дена од “Џузепе Меаца” ја испратија првата понуда до “Божицата” во вредност од 40 милиони евра, но таа беше веднаш отфрлена, бидејќи цената на фудбалерот според сегашниот клуб е десет милиони повеќе.

Се очекува двете страни да продолжат со активни разговори во наредните денови. Според еден од почитуваните новинари во Италија, можно е на крајот да се постигне договор за околу 45 милиони, но тоа веројатно ќе се утврди во следните десетина дена.

Од Интер се обидуваат да ја преднат конкуренцијата, бидејќи во последните денови интерес за Лукман покажале и од Наполи, иако шампионите веќе ги донесоа Ноа Ланг од ПСВ Ајндховен и Лоренцо Лука од Удинезе во нападот. Самиот напаѓач има договор со Аталанта до летото 2027 година и моментално е оценет на околу 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп Гвардиола ќе добие статуа и трибина на „Етихад“

Пеп Гвардиола ќе добие статуа пред стадионот Етихад, а северната трибина на Манчестер Сити…