Дома Останати Кошарка Јокиќ е сензација во Кина – се тркаше со брз воз (Видео)

Јокиќ е сензација во Кина – се тркаше со брз воз (Видео)

Никола Јокиќ продолжува да го фасцинира светот – овој пат во далечната Кина, каде што во рамките на промотивната кампања на брендот 361° стана вистинска атракција за милиони обожаватели. Сега, сите ги воодушеви со трката со супервисокиот воз.

Српскиот кошаркарски гениј, МВП на НБА лигата и шампион со Денвер Нагетс, моментално престојува во најнаселената земја на светот, каде што веќе ја посети Кинеската ѕидина, се дружеше со навивачите и ја посети познатата долина на пандите. Сепак, она што посебно го привлече вниманието на кинеската јавност и корисниците на социјалните мрежи беше – трката со супервисокиот воз!

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На една од објавите, Јокиќ е прикажан како во метрото го набљудува доаѓањето на возот CRH, кој брза со брзина од дури 350 километри на час. Потоа, чекаше да „се влезе во линија“, а потоа следуваше шеговита трка.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Срамно: Вечерва намерно запален баскет теренот во Радишани (Видео)

Вечерва во Радишани се случил инцидент во кој намерно бил запален теренот кој важи за еден…