Дома Фудбал Баерн подготвува нова понуда за Луис Диас, но размислува и за алтернативна опција

Баерн подготвува нова понуда за Луис Диас, но размислува и за алтернативна опција

Германскиот шампион, Баерн (Минхен), продолжува да инсистира на една од своите главни цели – Луис Диас, подготвувајќи нова понуда за левото крило на Ливерпул, јавуваат различни извори.

Според Николо Шкира, предложената сума ќе биде околу 75 милиони евра. Италијанскиот новинар додава дека Диас веќе се согласил со Баерн за петгодишен договор, додека Кристијан Фалк прецизира дека платата на играчот би изнесувала 14 милиони евра по сезона плус бонуси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Фабрицио Романо пишува дека баварците веќе имаат предвидено алтернативна опција, а тоа е Малик Фофана од Кристал Палас. Оттаму веќе се поврзале со неговиот клуб за да ги дознаат условите за потенцијален договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселонa во своите редови веќе има „нов Јамал“: На 27 натпревари постигнаа 100 гола – со само девет години!

Иако Ламин Јамал е уште млад и има само 18 години, Барселона можеби веќе има негов наследн…