
Ламин Јамал руши рекорди, Барселона руши рекорди и одлично заработува.
Младиот напаѓач на каталонскиот клуб и репрезентацијата на Шпанија неодамна го продолжи договорот со Барселона, а при таа прилика го промени бројот на дресот – наместо 19, отсега ќе го носи бројот „десет“.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Неверојатно звучи податокот дека Барселона продаде 70.000 дресови со името на крилниот напаѓач во 24 часа откако го промени бројот на дресот, поставувајќи нов рекорд на клубот. Според внатрешните проценки, Блауграна од таа продажба заработила околу 10 милиони евра, известува COPE.
Комерцијалниот успех ги надмина сите предвидувања на клубот од стадионот „Камп Ноу“. Дресовите со бројот 10 и презимето на Јамал беа дистрибуирани во повеќе од 170 земји.
Барселона, наведува истиот извор, забележа најголем обем на продажба на дресови во еден ден во историјата на клубот, надминувајќи ги бројките на поранешните напаѓачи Лионел Меси и Нејмар.