Дома Фудбал Познати се деталите: Арнаутовиќ стана најплатен фудбалер во историјата на Црвена Звезда

Познати се деталите: Арнаутовиќ стана најплатен фудбалер во историјата на Црвена Звезда

Марко Арнаутовиќ ќе биде ново засилување на Црвена Звезда. Овој искусен напаѓач го заврши договорот со Интер ова лето, бараше нов клуб и, како што рече неговиот менаџер и роден брат, Даниел, сега може сам да избира она што му го посакува срцето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Срцето му покажа на црвено-белата боја, сака Марко да игра пред крајот на својата кариера за Црвена Звезда и тоа и ќе се случи.

Сепак, и тој имаше свои услови и тоа не какви да е, имајќи го предвид реномето што го ужива во светот на фудбалот.

Како што пренесува „Скај“ од Австрија, Арнаутовиќ ќе добие 2.5 милиони евра годишно и тоа нето износ. Вкупно, 5 милиони евра за две години!

Ова го прави убедливо најплатениот играч на Црвена Звезда на сите времиња.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емоции до небо: Семејството на загинатиот аган го посети Давид кој му посвети гол (Видео)

Трагичната загуба на 13-годишниот Аган од кумановското село Черкези, кој го загуби животот…