Дома Фудбал Баерн продолжува да инсистира за Луис Дијас

Баерн продолжува да инсистира за Луис Дијас

Баерн Минхен продолжува со обидите да ја зајакне својата офанзива со крилото на Ливерпул, Луис Дијас, и напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде.

Баварците имаат многу малку опции во нападот по заминувањето на Томас Милер и Лерој Сане и тешката повреда на Џамал Мусијала.

Засега, Баерн удира во ѕид со двете трансферни цели, но не се откажува. Новата информација е дека разговорите со Ливерпул продолжуваат.

И покрај тоа што мерсисајдците веќе одбија две понуди за нивниот 28-годишен играч, од кои последната беше за 67.5 милиони евра, очекува се наскоро повторно да има нови средби меѓу претставниците на двата клуба, каде Баварците се надеваат на пробив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Братот на Игуаин навреди судијка и веднаш доби отказ

Фудбалскиот клуб Columbus Crew од американската MLS лига му врачи отказ на Федерико Игуаин…