Дома Фудбал Арнаутовиќ конечно во Ѕвезда!

Арнаутовиќ конечно во Ѕвезда!

Се случи конечно и тоа! Марко Арнаутовиќ е новиот фудбалер на Ѕвезда!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што наведува „Курир“, Арнаутовиќ ќе биде на „Маракана“ во понеделник, каде ќе биде организирано свеченото потпишување на договорот.

Арнаутовиќ доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со Интер, со кој играше во финалето на Лигата на шампионите годинава.

Како што се наведува, Арнаутовиќ можеби ќе пристигне уште утре и ќе го проследи натпреварот од првото коло на неговиот нов клуб против Јавор.

Арнаутовиќ беше блиску до Ѕвезда и минатото лето, кога беше договорено да пристигне доколку се оствари пласман во Лигата на шампионите. Тоа се случи, но на крајот се изјалови.

Случајноста сакаше Арнаутовиќ да постигне гол во дуелот меѓу Интер и Ѕвезда во Лигата на шампионите претходната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најскапиот играч во историјата на Милан: Немав никакви сомнежи околу трансферот

Гонсало Рамош беше првиот трансфер на Милан во летниот преоден рок, а сумата од 74 милиони…