Дома Фудбал Промени кои ќе им се допаднат на играчите: Се подготвува револуција во „Фантази Премиер лигата“

Промени кои ќе им се допаднат на играчите: Се подготвува револуција во „Фантази Премиер лигата“

Светски познатата игра “Фантази Премиер лига”, која ја играат милиони играчи ширум светот, донесе големи промени за сезоната 2025/2026.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа игра, каде играчите составуваат тим од англиската Премиер лига и добиваат бодови врз основа на реалниот учинок на теренот во најсилната лига на светот, подготвува значајна револуција за следната сезона.

Од следната година, сите четири чипови (Bench Boost, Free Hit, Triple Captain и Wildcard) ќе можат да се користат двапати во текот на сезоната, по еденпати во секоја полусезона.

“Bench Boost” му овозможува на играчот бодови од играчите кои беа на клупата, “Free Hit” дозволува бесплатна промена на целиот тим за едно коло, “Triple Captain” дава тројно повеќе бодови на играчот означен како капитен, а “Wildcard” нуди долгорочна замена на целиот тим.

Во новата сезона се планира и уште една значајна промена што ќе ги направи одбранбените играчи поважни.

Фантази лигата воведува и додаден дефанзивен елемент, бидејќи одбранбените играчи ќе добиваат повеќе бодови по натпревар.

Бодовите за одбранбените играчи ќе се базираат на активностите како блокирања, одземање на топки, стартови и елиминации на опасности. Играчот кој собере 10 вакви активности по еден натпревар, ќе добие дополнителни два бода.

Новата сезона на англискиот фудбал започнува на 15-ти август со натпревар помеѓу Ливерпул и Борнмаут. Тој ден почнува и сезоната на Фантази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тер Штеген замина, но сè уште е голем проблем за Барса

Марко Андре Тер Штеген замина на нова позајмица, откако неуспешната во Жирона, сега замина…